Претседателот на Украина – Володимир Зеленски пристигна во САД, а како што наведе во објава на мрежата Х, главната цел на неговата посета е зајакнување на Украина.
„Оваа војна може да заврши само со праведен мир преку глобални напори… Планот за победа на Украина ќе биде на масата на сите наши сојузници“, рече Зеленски.
Тој ја посети фабриката за муниција „Scranton Army“ во американската сојузна држава Пенсилванија, која произведува компоненти за артилерија и минофрлачки гранати, а со раководството на фабриката разговараше за можноста за американски инвестиции во украинската одбранбена индустрија, објави веб-страницата на Зеленски.