Зеленски пристигна во Париз на средба со Макрон
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Париз на средба со францускиот колега Емануел Макрон.
Состанокот е дел од европската турнеја за време на која Зеленски ќе разговара со своите клучни сојузници во обид да добие поголема поддршка, пренесуваат странските агенции, повикувајќи се на информации од украинското претседателство.
Зеленски пристигна во Париз откако претходно во Лондон се сретна со британскиот премиер Кир Стармер и шефот на НАТО Марк Руте.