Британски „Тајмс“ пишува дека украинскиот претседател – Володимир Зеленски преживеал најмалку три обиди за атентат во последните денови.
Неодамна објавија дека платеници од т.н „Вагнер група“ и чеченски специјални сили биле испратени да го елиминираат украинскиот претседател.
„Тајмс“ пишува дека на Украина за плановите за атентат и дојавиле некои членови на руската Федерална служба за безбедност, кои се против војната, и оти припадниците на „Вагнер групата“ претрпеле загуби во нивните обиди да го убијат Зеленски.
„Неверојатно е колку е добро информиран тимот што го чува Зеленски“ – изјавил извор за весникот, додавајќи дека еден обид за атентат се случил во саботата.
Претходно беше објавено дека рускиот претседател Владимир Путин испраќа група од околу 400 платеници да го убијат Зеленски и 23 други украински владини функционери.