Зеленски предупредува: Русија се подготвува да ја нападне нуклеарната централа во Запорожје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русите поставиле нешто што изгледа како експлозив во нуклеарната централа Запорожје.

Во видеото објавено на Твитер, Зеленски вели:

„Сега имаме информации од нашата разузнавачка служба дека руската војска поставила предмети што личат на експлозив на покривот на неколку енергетски единици на нуклеарната централа Запорожје, можеби за да симулира напад на централата. Можеби тие имаат некое друго сценарио. Но во секој случај, гледа светот, не може да не види дека единствен извор на опасност за нуклеарната централа е Русија и никој друг.

За жал, немаше навремена реакција на терористичкиот напад на хидроцентралата Каховка. И ова може да го поттикне Кремљ да направи ново зло. Одговорност на сите во светот е да го запре ова зло, никој не може да стои настрана бидејќи радијацијата влијае на сите“ – вели Зеленски.