По 104 дена руско-украински конфликт, претседателот на Украина – Володиир Зеленски рече дека се наоѓаат во борба против „бројно поголеми“ сили. Тој објасни во Киев дека преговорите со Русија се „на нула ниво и дека трупите на Москва се стремат кон освојување на стратешкиот град Запорожје.“
Зеленски потенцираше дека повеќе од 2.500 борци кои давале отпор во челичарницата „Азовстал“ во Мариупол сега се приведени во регионите Доњецк и Луганск.
Додаде дека првата фаза од операцијата – нивното извлекување живи е завршена, сега се работи на втор дел – да се доведат дома живи.
„За да има шанса да ја победи Русија, на Украина и требаат најмалку 60 Млрс ракетни фрлачи со повеќекратни системи, многу повеќе отколку што досега ветија САД и Обединетото Кралство“ – вели потполковник Олексиј Арестович, воен советник на украинскиот претседател Зеленски.