Зеленски по одлуката на ЕК: Ова е прв чекор на патот за членство во ЕУ!

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски на Твитер изрази благодарност до претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен и до сите членови во Комисијата за историската одлука, која е првиот чекор на патот за членство во ЕУ, што секако ќе придонесе и ќе ја доближи победата. Тој на денешниот состанок препорача Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус за членство во Европската Унија.

„Ова е првиот чекор на патот за членство во ЕУ, што секако ќе придонесе и ќе ја доближи нашата победа. Позитивниот резултат од Европскиот совет го очекувам следната недела“ – напиша Зеленски на Твитер.

Европската комисија ја даде својата оцена за трите апликации за членство во Европската Унија на Украина, Молдавија и Грузија.