Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој официјално се воспоставува англискиот јазик како јазик на меѓународна комуникација во Украина.
Документот дефинира и листа на позиции за кои од вработените се бара течно да зборуваат англиски.
Конкретно, познавање на англискиот јазик е задолжително за раководителите на управите на локалната самоуправа, воените службеници, обвинителите, даночните власти, царинските службеници, наставниците и здравствените раководители.
Државните службеници кои зборуваат англиски јазик ќе добиваат бонус на платата од 10 проценти. Дополнително, ќе се обезбеди буџетска поддршка на кината за прикажување филмови на англиски јазик.