Претседателот на Украина – Володимир Зеленски вчера истакна дека сѐ уште не може да ги повика Украинците да се вратат дома од странство поради страв дека последната фаза од војната ќе биде најтешка и најкрвава, објавија локалните медиуми.
„Постојани се нападите на местата околу Одеса, на градовите во централна Украина, Донбас е целосно уништен – сето тоа нема и не може да има никакво воено објаснување, како што тврди Русија. Ова е намерен и злосторнички обид да се убијат што е можно повеќе Украинци. Да се уништат што е можно повеќе куќи, социјални објекти и претпријатија. Ова е она што ќе го квалификува геноцидот врз украинскиот народ и поради што окупаторите дефинитивно ќе бидат изведени пред лицето на правдата“ – рече Зеленски.