Зеленски: Подготвен сум да им се придружам на Трамп и Путин на состанокот во Будимпешта
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп за време на состанокот во Белата куќа на 17 октомври дека е подготвен да му се придружи на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта.

-Ако навистина сакаме праведен и траен мир, ни се потребни двете страни од оваа трагедија. Како може да има какви било договори без нас за нас?, праша Зеленски во интервју за Ен-Би-Си Њуз.
На прашањето дали ќе инсистира да патува во Будимпешта, Зеленски кажа дека му рекол на Трамп во петокот дека е подготвен.
Трамп разговараше со Путин по телефон еден ден пред состанокот со Зеленски и по разговорот рече дека ќе се сретне со рускиот претседател во Будимпешта „за да разговара за можноста за завршување на војната меѓу Русија и Украина“.