„Огромен пакет помош од 33 милијарди долари што се очекува да биде одобрен од САД ќе направи голема разлика во борбените способности на Украина“ порача претседателот на Украина – Володимир Зеленски во ноќешното обраќање до нацијата.
Тој им се заблагодари на американскиот народ и на претседателот Бајден и повтори дека ќе ги смета за одговорни сите руски војници за кои е откриено дека извршиле воени злосторства во Украина. Додаде дека десет руски војници се идентификувани како одговорни за масакрот во Буча.
Нагласи дека сторителите кои убиле и мачеле Украинци ќе бидат изведени пред лицето на правдата, но предупреди дека многумина можеби нема да ја преживеат војната.
„Оваа руска бригада е префрлена во регионот Харков. Таму ќе добие одмазда од нашата армија. Веднаш по крајот на нашите разговори во Киев, руски проектили влетаа во градот. Пет проектили. Ова доволно зборува за вистинскиот однос на Русија кон глобалните институции. За напорите на руското раководство да ги понижи ОН“ – рече Зеленски.