Претседателот на Украина – Володимир Зеленски рече денеска дека е подготвен да преговара со рускиот колега Владимир Путин, но предупреди дека ако обидите за преговори не успеат, тоа може да доведе до Трета светска војна.
„Подготвен сум да преговарам со него. Подготвен сум во изминатите две години. И мислам дека не можеме да ја завршиме оваа војна без преговори“ – изјави Зеленски за „Си-Ен-Ен“.
Тој рече дека ако постои еден процент шанса да се запре војната, треба да ја искористат шансата.
„Мораме да го направиме тоа. Ние губиме луѓе секој ден, невини луѓе на теренот“ – додаде Зеленски.
Нагласи дека руските сили дошле „да ги истребат и убијат“.
„Нашето достоинство нема да спаси животи. Така што, мислам дека треба да искористиме каков било формат, секоја шанса за да имаме можност да преговараме, можност да разговараме со Путин“ – порача украинскиот претседател.