Зеленски: Непредвидливоста на Трамп може да помогне да го запреме Путин
-Трамп може да биде одлучувачки (...) во оваа војна. Тој може да ни помогне да го запреме Путин. Тој е многу силен и непредвидлив, рече Зеленски во телевизиско интервју, оценувајќи дека новоизбраниот американски претседател „навистина сака да стави крај на војната.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека непредвидливоста на Доналд Трамп, кој треба да ја преземе функцијата во Белата куќа на 20 јануари, може да помогне да се стави крај на војната во Украина.
-Трамп може да биде одлучувачки (…) во оваа војна. Тој може да ни помогне да го запреме Путин. Тој е многу силен и непредвидлив, рече Зеленски во телевизиско интервју, оценувајќи дека новоизбраниот американски претседател „навистина сака да стави крај на војната.
„Навистина би сакал оваа непредвидливост на претседателот Трамп да се однесува и на Русија“, додаде тој.
Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа ги буди надежите во Киев за одлучувачки одлуки по речиси три години војна, но и стравувањата дека американската воена и финансиска помош, која републиканецот често ја критикуваше,дека може да се намали.
Зеленски долго време одбиваше да преговара за крај на војната со Путин, но неодамна го омекна својот став, согласувајќи се привремено да се откаже од обидот да ја ослободи целата територија окупирана од Москва во замена за безбедносни гаранции на НАТО и поголема помош во оружје.
Тој вчера оцени дека безбедносните гаранции за Украина кои не ги вклучуваат САД ќе бидат „слаби гаранции“.
Неколку европски земји, вклучително и Франција, изнесоа идеја за можно распоредување на воен контингент во Украина во случај на мировен договор, но Зеленски истакна дека таквата иницијатива не смее да го замени пристапот на Украина во НАТО.
-Не би сакале само една или две земји да бидат за оваа иницијатива. Апсолутно е неопходно оваа иницијатива да биде во согласност со НАТО. Тоа не значи дека распоредувањето на европските сили ја исклучува иднината во НАТО, рече Зеленски.