Украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави дека неговата земја нема оружје неопходно за ослободување на Мариупол.
„Ако добиеме авиони и доволно тешки оклопни возила, потребната артилерија, ќе можеме да го направиме тоа“ – истакна Зеленски.
Тој додаде дека е сигурен оти Украина ќе добие сè што и е потребно.
„Но, не се губи само време. Се губат животите на Украинците. Животи кои повеќе не можат да се вратат“ – наведе претседателот Зеленски.
Борбите за Мариупол – стратешки важен град поради неговата локација на Азовско Море, се водат повеќе недели.
Градоначалникот на Мариупол – Вадим Бојченко, синоќа изјави дека од почетокот на воените дејства досега се убиени најмалку 10.000 цивили,а во градот се уште има околу 120.000 луѓе на кои итно им е потребно вода, храна, лекарства.