„Украинската победа е неизбежна, но невозможно е да се предвиди кога војната ќе заврши“. Ова синоќа во своето обраќање до јавноста го истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски
„Многу градови и заедници сè уште се под привремена контрола на руската војска. Но, не се сомневам дека е прашање на време кога ќе ја ослободиме нашата земја“ рече тој.
Според Зеленски, нема едноставен одговор на прашањето кога Украинците ќе ги победат Русите. Победата и мирот, нагласи тој, ќе дојдат побрзо, како што истакна, доколку секој Украинец се бори.
„Кога ќе победиме, сите ќе го почувствуваат тоа. Кога ќе дојде мирот, сите ќе го видат. Но, за да дојде до тоа и да се случи побрзо, треба да не размислуваме за тоа кога и како ќе биде. Мораме секој ден да размислуваме околу тоа како да го направиме уште понеподнослив престојот на окупаторот на нашата земја. Тие мора да ја бранат слободата. Затоа што секој ден борба сега додава година мирен живот откако ќе заврши оваа војна“ смета Зеленски.