Украинскиот претседател – Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до јавноста рече дека Русија претрпела стратешки пораз во Украина и дека тоа му е јасно на целиот свет.
„На Русија и недостасува храброст да го признае тоа“ – потенцираше Зеленски.
Украинскиот претседател додаде дека руските сили се кукавици кои се обидуваат да ја скријат вистината зад ракетни, воздушни и топовски напади.
Тој им се заблагодари на медицинските сестри и болничарите што ги спасиле животите на украинските војници и додаде дека руските сили уништиле 570 здравствени установи од почетокот на војната.