Зеленски на Самитот на НАТО: Деца умираат, едноставно сакаме да преживееме!

Претседател на Украина – Володомир Зеленски во денешното обраќање преку видео-линк на НАТО Самитот во Брисел ја обвини Русија дека при инвазијата на неговата земја употребила фосфорни бомби.

„Повторно, деца умираат, луѓе умираат“ – изјави тојч

Вели дека од самиот почеток бара воздушна поддршка „за да помогне во заштитата на небото“, бидејќи Украина нема моќна противвоздушна одбрана.

„Ние сме под нееднакви услови повеќе од еден месец“ – рече Зеленски.

Досега Украина не добила ниту еден авион, потенцираше тој.

„Украина не сака да војува со години. Ние едноставно сакаме да преживееме, да го спасиме нашиот народ. Се работи за живот или смрт“ вели тој.

Зеленски истакна дека чувствува дека неговата земја е фатена во „некоја сива зона меѓу Западот и Русија“, бидејќи сè уште не е дел од Алијансата

„Изминатиот месец беше месец на „херојска одбрана“ и „ужасен мрачен месец на уништување“ – вели тој.

Вели дека Украина се држи храбро – но по цена на „илјадници животи, уништени градови и речиси 10 милиони преселени луѓе“.