Претседателот на Украина – Володимир Зеленски ја пофали, како што ја кажа, „натчовечката сила“ на украинските војници во борбата против руската армија.
„Благодарен сум на сите наши заштитници кои возвраќаат и покажуваат навистина натчовечка сила“ – рече Зеленски и потенцираше дека Украинците се борат со„некогашната втора најсилна армија во светот“.
Сепак тој е воздржан од чувство на еуфорија и прекумерна емоција.
„Нема потреба да се создава атмосфера на специфичен морален притисок кога се очекуваат одредени победи на неделна, па дури и дневна основа“ вели Зеленски.
Истакна дека украинските сили „постепено“ ги протеруваат окупаторите од регионот.
„Вооружените сили на Украина прават се за да ја ослободат нашата земја и нашиот народ. Ќе бидат ослободени сите наши градови – Херсон, Мелитопол, Бердјанск, Мариупол“ – нагласи тој.