Претседателот на Украина – Володимир Зеленски огорчен од изјавата на министерот за надворешни работи на Русија – Сергеј Лавров кој тврди дека некои од најлошите антисемитисти, вклучително и Адолф Хитлер, биле Евреи.
Зеленски оцени дека тие изјави покажуваат дека Москва не ги научила лекциите од Втората светска војна и рече дека се напаѓаат споменици на жртвите и на преживеаните од Холокаустот.
„Рускиот врвен дипломат го обвинува еврејскиот народ за нацистичките злосторства. Немам зборови“ – рече Зеленски доцна синоќа во видео порака.
Лавров завчера ја бранеше таканаречената денацификација на Украина, велејќи дека фактот што претседателот Зеленски е Евреин не исклучува да биде нацист и тврдеше дека нацистичкиот лидер има еврејско потекло.