Зеленски: Мора да направиме сѐ за да ја преживееме зимата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во пресрет на претстојната студена сезона, апелираше на истрајност и издржливост на Украинците.

„Непријателот силно се надева дека ќе ја искористи зимата против нас: да ги направи зимскиот студ и тешкотиите дел од својот терор“, рече Зеленски во редовната видео порака.

„Мораме да направиме сѐ што можеме за да ја преживееме оваа зима, колку и да е сурова“.

Да се издржи оваа зима, рече тој, значи да се издржи сѐ.

Русија има предност во ракетите и артилериското оружје, истакна украинскиот претседател.

„Но, ние имаме нешто што окупаторот го нема и нема да го има: ние го штитиме својот дом и тоа ни дава најголема можна мотивација“, нагласи Зеленски.