Володимир Зеленски – претседателот на Украина во своето редовно ноќно видеообраќање уништениот украински град Мариупол го опиша како „руски концентрационен логор среде урнатини“.
Тој додаде рече пристанишниот град „бил еден од најразвиените во регионот“ а руските сили „целосно го уништија“.
Зеленски истакна и дека „окупаторите во Донбас прават се за да го уништат целиот живот“ со константно бомбардирање и воздушни напади.
„Одбраната на нашата земја, заштитата на нашиот народ буквално е борба за живот“ – посочи Зеленски.