Володимир Зеленски – претседателот на Украина во вонредно обраќање рече дека во цела Украина е воведена вонредна состојба и ги повика граѓаните да останат смирени.
Во краткото видео обраќање објавено од Министерството за одбрана на Украина, Зеленски рече дека Русија извршила ракетни напади врз украинската инфраструктура и украинските граничари, при што се слушнале експлозии во многу градови низ земјата.
Тој додаде дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, а на Украинците им порача да останат во своите домови и да бидат смирени.
„Војската функционира. Јас ќе бидам со вас цело време. Останете силни. Ќе победиме затоа што сме Украина. Слава на Украина“ – рече Зеленски.