Украинскиот претседател Володимир Зеленски во изјава за Би-Би-Си призна дека напредокот на бојното поле е „побавен од посакуваниот“, неколку недели по почетокот на украинската контраофанзива започната со цел враќање на окупираните територии.
– Некои луѓе веруваат дека ова е холивудски филм и очекуваат резултати веднаш. Тоа не е. Се работи за човечки животи – рече Зеленски.
Би-Би-Си јавува дека украинските сили досега успеале да закрепнат осум села во областа Запорожје на југ и регионот Доњецк на истокот од земјата како дел од контраофанзивата. Се известува дека Зеленски оценил дека контраофанзивата не оди лесно бидејќи руските сили минирале 200.000 квадратни километри украинска територија.
– Што и да посакаат некои, вклучително и обиди за притисок врз нас, со должна почит, ќе напредуваме на бојното поле како што мислиме дека е најдобро – рече Зеленски.
Zelensky admits slow progress but says offensive is not a movie https://t.co/uNC6u21tzw
— BBC News (World) (@BBCWorld) June 21, 2023
Тој повтори дека има потреба Украина да добие безбедносни гаранции од НАТО, но исто така додаде дека крајната цел на Киев е членството во НАТО.
Зеленски го коментираше и трансферот на руското тактичко нуклеарно оружје во Белорусија и предупредувањето од американскиот претседател Џо Бајден дека постои реална закана рускиот претседател Владимир Путин да користи нуклеарно оружје.
– Путин е опасен за нас од 2014 година, кога ја окупираше нашата прва територија. Ќе зборува за употреба на нуклеарно оружје, мислам дека не е подготвен да го направи тоа бидејќи се плаши за сопствениот живот кој многу го сака. Но, нема шанси тоа да го кажам со сигурност, особено за личност која нема никаква врска со реалноста, која во 21 век започна целосна војна против својот сосед – рече Путин.