Зеленски: Колку повеќе жртви има кај Русите, толку побрзо ќе заврши војната!

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски даде одговор на прашањето кога смета дека ќе заврши војната.

„Кога ќе заврши војната? Се зависи од загубите на Русија. Колку повеќе Русите имаат жртви, толку побрзо ќе можеме да ја ослободиме нашата земја и да ја обезбедиме безбедноста на Украина“ – вели тој

Украинскиот претседател прецизно се изрази во говорот до нацијата објавен на социјалната мрежа и на официјалната веб-страница, додавајќи дека „ако речиси 43.000 загинати руски војници не ја убедат Москва да најде начин за излез од војната, тогаш потребни се повеќе борби“, пренесува „Ла прес“.