Зеленски: Коалицијата на подготвените следните денови ќе презентира мировен план

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски очекува западните сојузници следните денови да презентираат концизен мировен предлог за ставање крај на војната со Русија.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски очекува западните сојузници следните денови да презентираат концизен мировен предлог за ставање крај на војната со Русија.

Тој, во интервју за американскиот сајт „Аксиос“ (Axios), истакна дека Коалицијата на подготвените ќе работи на изработка на „некои брзи точки“ „следната недела или наредните 10 дена“.

Но, Зеленски изрази скептицизам дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде подготвен да се согласи со договорот.

– За да се принуди Путин на преговарачка маса, потребни се дополнителни санкции против Русија и оружје со долг дострел за Украина, посочи Зеленски

По средбата на Коалицијата на подготвените на одржана на 24 октомври во Лондон, британскиот премиер Кир Стармер исто така изјави дека Коалицијата работи на мировен план.