Премиерот на Велика Британија – Борис Џонсон денеска имаше средба со украинскиот претседател – Володимир Зеленски во Киев, изјави помошник на украинскиот лидер.
„Посетата на Борис Џонсон во Киев започна со тет-а-тет средба со претседателот Зеленски“ – објави претседателскиот помошник, Андриј Сибиха на Фејсбук.
Сибиха на профилот објави фотографија од средбата на Зеленски и Џонсон.
„Џонсон денеска е во посета на Киев на разговори со претседателот Володимир Зеленски како дел од „покажувањето на солидарност со украинскиот народ“ – соопштија од Даунинг стрит.
„Тие ќе разговараат за долгорочната поддршка на Лондон за Украина и премиерот ќе постави нов пакет финансиска и воена помош“, објави портпаролот.