Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им испрати на своите сограѓани божиќна порака на охрабрување и покрај тековната руска инвазија.
Тој рече дека целата земја заедно ќе се моли за време на празникот за слобода и победа на Украина, пренесува Хина.
Зеленски им се заблагодари на украинските војници кои го поминуваат Божиќ во рововите на фронтот и рече дека неговите мисли се со семејствата кои ќе мора повторно да слават оваа година без нивните сопрузи, синови и татковци кои се борат.
Украина го промени датумот на Божиќ на 25 декември од 7 јануари, кога го слави Руската православна црква.
Само Украинската православна црква, која долго време се поврзува со Москва, го задржа стариот датум.