Зеленски излезе од Киев, првпат по 24. февруари отиде во Миколаев

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски првпат по руската инвазија од 24. февруари го посети градот Миколаев на југот од земјата, кој за изминатите 115 дена претрпе сериозни штети од војната.

„Претседателот изврши увид во зградата на регионалната државна управа на Миколаев, која беше уништена како резултат на ракетен напад на руските сили“ – се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

Зеленски ретко излегува надвор од Киев, а неговата  посета на Миколаев доаѓа еден ден откако во рускиот напад на градот загинаа две лица, а 20 беа повредени.

Од неговиот кабинет соопштија дека „дискутирале за состојбата на економијата, обновувањето на водоснабдувањето и состојбата во земјоделството“.

„Посебно внимание беше посветено на заканите од копно и море. Не престануваме да работиме за победа“ – се вели во соопштението.