![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2024/09/volodimir-zelenski-750x430.webp)
Зеленски за рускиот ракетен напад врз Киев: Путин не се подготвува за мир
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека „само силни чекори и притисок врз Москва можат да ја сопрат Русија“ и повика на единство и поддршка од сите партнери на Украина „во соочувањето со руската агресија“.

„Овој руски терор против Украина нема да престане сам по себе. Путин не се подготвува за мир – тој продолжува да убива Украинци и да уништува градови. Само силни чекори и притисок врз Русија можат да го запрат овој терор. Во моментов ни треба единство и поддршка од сите наши партнери во борбата за праведен крај на оваа војна“, објави Зеленски на Телеграм.
Како што претходно објавија украинските медиуми, едно лице загина, а четворица се повредени во руски ракетен напад врз Киев, меѓу кои и едно деветгодишно девојче.
Во текот на ноќта во Киев се слушнаа серија експлозии, а ПВО предупреди на можна употреба на балистичко оружје.