Украинскиот претседател Владимир Зеленски тврди дека руското раководство се подготвува да мобилизира до 1 милион луѓе.
„Однапред беа отпечатени 300.000 повици за мобилизација во Русија, но руското раководство се подготвува да мобилизира до милион луѓе“, рече Зеленски во видео-обраќање, пренесува „Интерфакс Украина“.
„За мажите во Русија ова е избор да умрат или да живеат, да бидат осакатени или да останат здрави. За жените во Русија е избор да ги загубат своите сопрузи, синови, внуци засекогаш или да се обидат да ги заштитат од смрт, од војна, од еден човек“ – истакнува Зеленски.