Зеленски заплака

Украинскиот претседател Володимир Зеленски заплака во еден момент, за време на комеморацијата на првата годишнина од руската инвазија.

Зеленски утрово им се обрати на вооружените сили на Трг св. Софија, во близина на катедралата со зелено-златна купола како симбол на цврстината и издржливоста на градот.

„Горд сум на вас“, рече тој.

„Сакам да ви кажам на сите вас кои се борите за Украина горд сум на вас. Сите ние, секој од нас е горд на вас“, рече тој задржувајќи ги солзите додека ги награди војниците со Орден на херои на Украина.

При интонирањето на националната химна присутните ги наведнаа главите со едноминутно молчење, а Зеленски плачеше, пренесуваат медиумите.

„Пред една година на денешен ден, од ова исто место околу седум часот наутро, ви се обратив со куса изјава, која траеше само 67 секунди“, рече тој во својот говор, а во позадина свиреше празнична музика.

„Ние сме силни. Подготвени сме на се. Ќе победиме секого. Вака започна 24 февруари 2022 година. Најдолгиот ден во нашите животи. Најтешкиот ден во нашата понова историја. Се разбудивме рано и не спиев оттогаш“, рече тој.

Украинскиот претседател беше „фатен“ како ги задржува солзите и за време на посетата на американскиот претседател на Киев, кога Џозеф Бајден се поздравуваше со украинските власти.