Зеленски: Западната артилерија дејствува многу моќно!

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во видео порака изјави дека артилеријата што Украина ја добила од западните партнери имала ефект на бојното поле.

„Конечно, се чувствува дека западната артилерија, оружјето што го добивме од нашите партнери, работеше многу моќно“, рече тој, пофалувајќи ја нејзината прецицизност. Украинската војска нанесе „многу забележливи удари врз магацини и другите точки кои се важни за логистиката на окупаторите. И ова значително го намалува офанзивниот потенцијал на руската армија“ – рече тој.

„Ние се бориме за целиот наш југ, за целиот украински Донбас“ смета Зеленски истакнувајќи ја „најбруталната конфронтација“ во близина на Славјанск и Бахмут.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер објави дека разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен на 6 јули и тие „координирале чекори за да се забрза испораката на тешко оружје од САД и другите партнери“.