Зеленски: Заврши ерата на руско влијание

За прв пат во историјата Русија е исклучена од Извршниот совет на УНЕСКО, објави претседателот Владимир Зеленски на социјалната мрежа Икс (Твитер).

„За прв пат во историјата Русија беше исклучена од Извршниот совет на УНЕСКО. Заврши ерата на руско влијание и тоа е точно: руските терористи немаат место на чело на важни меѓународни организации“, напиша Зеленски синоќа.

Тој смета дека меѓународната улога на Русија само ќе ослабне.

Како што пренесува „Укринформ“, руските претставници не можеле да учествуваат во настаните на 42-та сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, што беше отворена на 7 ноември во Париз, поради доцнење со добивањето визи.