
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД
„Подготвени сме да работиме брзо за да ја завршиме војната, а првите чекори би можеле да бидат ослободување на затворениците и прекин на огнот во воздухот – забрана за ракети, беспилотни летала со долг дострел, енергетски бомби и друга цивилна инфраструктура – и итен прекин на огнот на море, доколку Русија го стори истото. Потоа сакаме брзо да поминеме низ сите следни фази и да работиме со САД за да постигнеме силен конечен договор“, напиша Зеленски, додавајќи дека Украинците навистина ја ценат помошта што ја добија од Америка.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД и да работи под „силното водство“ на претседателот Доналд Трамп.
I would like to reiterate Ukraine’s commitment to peace.
None of us wants an endless war. Ukraine is ready to come to the negotiating table as soon as possible to bring lasting peace closer. Nobody wants peace more than Ukrainians. My team and I stand ready to work under…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 4, 2025
Иако вели дека неговата средба со претседателот Доналд Трамп „не поминала како што требаше“, Зеленски ја повтори посветеноста на Украина за мир и го пофали Трамп што на украинската војска и ги дала ракетите „Џавелин“.
Зеленски на платформата Х наведе дека „би сакал да ја повторам посветеноста на Украина за мирот. Никој од нас не сака бескрајна војна. Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро со цел да се доближи до траен мир. Никој не сака мир повеќе од Украинците. Мојот тим и јас сме подготвени да работиме под силно водство на претседателот Трамп за да постигнеме мир кој ќе трае“.
„Подготвени сме да работиме брзо за да ја завршиме војната, а првите чекори би можеле да бидат ослободување на затворениците и прекин на огнот во воздухот – забрана за ракети, беспилотни летала со долг дострел, енергетски бомби и друга цивилна инфраструктура – и итен прекин на огнот на море, доколку Русија го стори истото. Потоа сакаме брзо да поминеме низ сите следни фази и да работиме со САД за да постигнеме силен конечен договор“, напиша Зеленски, додавајќи дека Украинците навистина ја ценат помошта што ја добија од Америка.
„Навистина го цениме тоа што Америка го направи за да и помогне на Украина да го зачува својот суверенитет и независност. И се сеќаваме на моментот кога ситуацијата се промени кога претседателот Трамп на Украина и ги даде ракетите ’Џавелин’. Ние сме благодарни за тоа“.
„Нашиот состанок во Вашингтон, во Белата куќа во петокот, не помина како што требаше. Жал ни е што се случи ова. Време е работите да се исправат. Би сакале идната соработка и комуникација да биде конструктивна“, додаде тој.
Што се однесува до договорот за минерали и безбедност, Украина е подготвена да го потпише во секое време и во секој соодветен формат. Тој договор го гледаме како чекор кон поголема безбедност и солидни безбедносни гаранции и искрено се надевам дека ќе функционира ефективно“, напиша украинскиот претседател на Х во својата првична реакција на прекинот на испораките на американско оружје за неговата земја.