Зеленски: Елиминацијата на нашата армија ќе стави крај на сите преговори

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски рече дека елиминацијата на украинските борци во Мариупол ќе стави крај на преговорите со Русија.

Тој изјави дека „Мариупол може да биде како десет Бороѓанки“.

„Сакам да кажам дека елиминацијата на нашата армија, нашите момчиња, ќе стави крај на сите преговори“ – рече Зеленски.

Тој додаде дека Украина „нема да тргува со својата територија или со својот народ“.