Зеленски: Единството и заедничкото дејствување се нашата сила!

Украинскиот претедател Володимир Зеленски најави ограничување на снабдувањето со електрична енергија во голем број украински градови.

Тој ги повика Украинците да ја ограничат употребата на електрична енергија од 17 до 23 часот, како што веќе направија во некои региони во земјата.

„На пример, оваа сабота жителите на регионот Чернихив ја ограничија потрошувачката на електрична енергија за 20 проценти. И во целата земја – во просек за десет проценти. Киев и регионот, само за седум проценти. Мора да ја намалиме потрошувачката на струја од 17 до 23 часот. Ова е чекор што заедно со другите ќе обезбеди пораз на руските терористички планови“, нагласи Зеленски.

Претседателот им се заблагодари и на сите бранители и на оние кои работат на победата.

„Единството и заедничкото дејствување се нашата сила“, изјави тој. Како што беше најавено, техничката можност за снабдување со електрична енергија е обновена во повеќето региони на Украина, во некои градови и области сè уште се во сила распоредите за исклучување на стабилизацијата“, изјави Зеленски во видеообраќање.