Се огласи на Телеграм претседателот на Украина Володимир Зеленски.
„Русија ноќеска повторно го погоди Харков – со воздушни бомби врз обична станбена зграда. Како резултат на гранатирањето повредени се 21 лице. Меѓу нив има и осумгодишно дете и двајца 17-годишни тинејџери. 60 жители од зградата беа евакуирани на сите им беше укажана потребната помош“, напиша претседателот на Украина.
„Генерално, во текот на неделата, непријателот употреби повеќе од 900 воздушни бомби со наведување, околу 400 „шахеди“ и речиси 30 проектили од различни типови“, напиша тој.
„Треба да ги зајакнеме нашите способности за дополнително да ги заштитиме животите и безбедноста. На Украина и треба ракета со долг дострел со целосен дострел. Ние сме убедливи партнери и ќе продолжиме да разговараме за ова следната недела“, напиша Зеленски.