Претседателот на Украина – Володимир Зеленски ја обвини Русија дека извршила геноцид во Украина за да истреби цела нација, еден ден по откривањето на голем број тела на улиците на градот Буча, во близина на Киев, по повлекувањето на руските сили.
„Да, тоа е геноцид. Истребување на целата нација и народ“ – изјави Зеленски за „CBS“.
„И ова се случува во Европа во 21 век“ – рече украинскиот претседател и ја осуди „тортурата на целата нација“.
Претседателот Зеленски ја повика Русија целосно да ги повлече своите сили со цел враќање на ситуацијата пред 24. февруари, кога почна руската инвазија.
„Тоа ќе ни овозможи да започнеме да разговараме за други прашања. За ставање крај на окупацијата и како ќе живееме потоа. Не можам да одам ни на состанок додека трае гранатирањето. Значи, прво примирје, а потоа можам да се сретнам со рускиот претседател Владимир Путин. Ние двајца ќе разговараме за безбедносните гаранции и статусот на неутралност, зачувување на нашиот суверенитет и силна армија“ – додаде Зеленски.
Пораката на украинскиот претседател на Фејсбук беше:
„Мајките на руските војници треба да го видат ова. Погледнете какви гом*ари сте пораснале. Убијци, крадци, касапи“.