
Претседателот н Украина, Володимир Зеленски го одобри одбележувањето на Денот на Европа во Украина на 9 мај, се вели во декретот објавен на веб-страницата на неговиот кабинет.
„Разбирајќи го европскиот идентитет на украинскиот народ, одлучувам да го воспоставам Денот на Европа во Украина, кој секоја година се одбележува на 9 мај заедно со земјите од Европската унија“, се наведува во документот.
Тој забележува дека одлуката е донесена „со цел да се зајакне единството на народот во Европа“, како и да се „обезбедат мир, безбедност и стабилност на европскиот континент“.
Дополнително, Зеленски рече дека поднел предлог-закон до Врховниот совет со кој се предлага 8 мај да се прогласи за Ден на сеќавање и победа над нацизмот во Втората светска војна.
Од 2015 година, Украина го слави Денот на сеќавањето и примирјето – 8 мај. Така, земјата всушност се приклучи на традицијата на славење на победата над нацистичка Германија според западноевропскиот модел.
Денот на победата, 9 мај, остана празник, но главните официјални настани на државно ниво беа преместени на 8 мај.