Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши шефот на Укроборонпром, државниот конгломерат за производство на оружје, Јуриј Хусјев. На таа функција Хисјев беше од декември 2020 година.
Украинските медиуми јавуваат дека негов наследник ќе биде 31-годишниот Херман Сметанин, кој води фабрика за оклопни возила во Харков. Засега нема официјална потврда од кабинетот на Зеленски за смената.
„Украинска правда“, украински онлајн весник, објави дека Зеленски очекувал Хусјев да го зголеми производството на балистичкиот ракетен систем со краток дострел „Сапсан“, но тоа не се остварило.
Досега Киев најмногу се потпираше на проектили од западните сојузници.