Зеленски го посети Азов
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ги посети војниците на командниот пункт на Првиот корпус на Националната гарда „Азов“, кој, заедно со други единици, го брани правецот Доброполски.

Зеленски разговараше за ситуацијата на фронтот, за моменталните потреби на единиците и им додели државни одликувања.
Посебно внимание беше посветено на прашањата за вооружување, зголемување на производството на дронови, потребите на бригадите и искуството на Првиот корпус „Азов“.
– Ги слушнавме извештаите на војниците, разговаравме за ситуацијата на линијата на фронтот и најважните потреби. Обрнавме големо внимание на вооружувањето, развојот на беспилотни летала, бригадите и искуството на нашите единици, напиша Зеленски на Фејсбук.
Посебно се дискутирало за развојот на капацитетите за дронови, употребата на оптички и високотехнолошки системи во комбинација со артилерија, ракети со долг дострел и прецизни ракети, како и за ослободувањето на украински војници од руско заробеништво.