Претседателот на Украина – Володимир Зеленски се обрати преку видео конференциска врска пред израелскиот Парламент. Тој истакна дека инвазијата „не е воена операција“.
„Тоа е војна од целосен обем чија цел е уништување на нашиот народ, уништување на нашите деца, семејства, државност, градови, култури и се што ги прави Украинци. Затоа имам право да ја повлечам оваа паралела во историјата. Нашите војни за опстанок и Втората светска војна“ нагласи Зеленски во видео обраќање.
Тој го повика Израел да му помогне на отпорот на украинскиот народ против руската војска. Побара Израел да и даде оружје на Украина и праша зошто земјата не воведе санкции кон Русија.
Според него, Израел ја има најдобрата воздушна одбрана во светот и вели „дефинитивно можете да му помогнете на нашиот народ, да ги спасите животите на Украинците“.