
Зеленски го назначи Олег Ивашченко за нов шеф на разузнавачката служба ГУР
„Од денеска Олег Ивашченко ќе продолжи да ѝ служи на нашата земја и да ги извршува задачите за ограничување на рускиот воен потенцијал на позициите на украинската воена разузнавачка служба“, напиша Зеленски на својот Телеграм канал, пренесе Униан.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го назначи Олег Ивашченко, кој досега беше шеф на Службата за надворешно разузнавање (СВР), за нов шеф на Главната дирекција за разузнавање (ГУР).
„Од денеска Олег Ивашченко ќе продолжи да ѝ служи на нашата земја и да ги извршува задачите за ограничување на рускиот воен потенцијал на позициите на украинската воена разузнавачка служба“, напиша Зеленски на својот Телеграм канал, пренесе Униан.
Зеленски истакна дека имал состанок со Ивашенко за време на која новиот шеф на разузнавањето го известил за општата состојба во Украина и актуелните закани.
„Ќе продолжиме да се фокусираме на намалување на економскиот потенцијал на Русија: колку помалку заработува агресорот, толку повеќе можности ќе има за дипломатијата. Ова особено се однесува на извозот на руска нафта, што ќе биде ограничен и по пониска цена. Имаме сличен пристап во однос на руското воено производство – колку повеќе ги прекинуваме врските на агресорот со светот и неговите шеми за кршење на санкциите, толку е поголем потенцијалот за напорите за завршување на војната. Благодарен сум му на СВР за неговата работа во оваа област и за информациите што ги дава“, додаде Зеленски.
Украинскиот претседател претходно денеска го назначи Кирил Буданов за нов шеф на својот кабинет.
Според него, на својата нова позиција, Буданов ќе се фокусира на безбедносните прашања, развојот на украинските одбранбени сили и безбедноста, како и на дипломатскиот тек на преговорите.
Буданов изјави дека неговата работа ќе се фокусира на критично важни прашања од стратешката безбедност.
„Мора да продолжиме да го правиме својот дел – да го победиме непријателот, да ја браниме Украина и да работиме на постигнување праведен мир. Да продолжиме да се бориме заедно за слободна и безбедна иднина на Украина!“, додаде Буданов.