Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на денешната заедничка прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда, изјави дека главни теми на разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп биле испораката на американски ПВО системи Патриот, зајакнувањето на санитарниот режим и економската соработка заснована на потпишаниот договор за рудни ресурси.

– Разговаравме за сите прашања, но првенствено за ПВО системите Патриот кои ни се потребни за да го заштитиме украинското небо. Се зборуваше за нашите билатерални односи по потпишувањето на договорот за рудни ресурси. Значи, спектарот на теми беше широк, рече Зеленски, пренесе Укринформ.
Зеленски исто така потврди дека новоизбраниот претседател на Полска, Карол Навроцки, ќе добие покана за посета на Украина.
– Што се однесува до поканата до новоизбраниот претседател на Полска да ја посети Украина, знаете дека ни е важно да одржуваме блиски, силни односи меѓу нашите две земји и секако дека ќе го поканиме новиот претседател (на Полска, Карол Навроцки) во Украина, но и јас со радост ќе одговорам ако тој мене ме покани во Полска, рече Зеленски и истакна дека е важно да се зачува политичкото единство меѓу Украина и Полска.
Полскиот претседател Анджеј Дуда, чиј мандат истекува на 5 август, денеска допатува во проштална посета на Укрина.
Претходно денеска, претседателот на Украина им оддаде почит на украинските бранители заедно со полскиот претседател Дуда.
– Заедно со првата дама на Украина и претседателот на Полска Анджеј Дуда, им оддадовме почит на споменот на нашите бранители кои ги дадоа своите животи во борбата против руската агресија. Се сеќаваме на нивните подвизи. Вечна благодарност и почит за паднатите херои, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Претседателот на Украина го одликуваше својот полски колега со Орденот на слободата за неговите извонредни заслуги во зајакнувањето на украинско-полската соработка и поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.