Зеленски ги предупреди светските лидери: Не му верувајте на Путин, тој не сака крај на војната

Зеленски ја даде изјавата по драматичните настани во последните 24 часа кои вклучија телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во обид да започнат мировни преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги предупреди светските лидери да не му веруваат на Путин и неговите тврдења дека сака крај на војната.

Зеленски ја даде изјавата по драматичните настани во последните 24 часа кои вклучија телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во обид да започнат мировни преговори.

Зеленски денеска имаше телефонски разговор и со полскиот премиер Доналд Туск.

– Разговарав со полскиот премиер Доналд Туск. Разговаравме за условите неопходни за траен и вистински мир во Украина и се согласивме дека никакви преговори со Путин не можат да започнат без обединета позиција на Украина, Европа и САД. Го информирав премиерот за мојот разговор со претседателот Трамп и разговаравме за клучните пораки и потребата да се усогласат ставовите на сите Европејци за да се постигнат успешни исходи за цела Европа.

-Нагласив дека Украина мора да преговара од позиција на сила, со силни и сигурни безбедносни гаранции и дека членството во НАТО ќе биде најпрофитабилно за партнерите. Друга клучна гаранција е сериозната инвестиција во одбранбената индустрија на Украина. Ги предупредив и светските лидери да не веруваат во тврдењата на Путин за неговата подготвеност да стави крај на војната“, заклучи Зеленски.