
Зеленски в петок ќе учествува на состанокот на „Коалицијата на подготвените“ во Лондон
Во објава на Платформа X, Зеленски изјави дека оваа недела ќе има „голем број состаноци и преговори во Европа“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски в петок ќе присуствува на состанокот на „Коалицијата на подготвените“ во Лондон, јавија бриотанските медиуми, повикувајќи се на неименуван добро информиран извор.
Во објава на Платформа X, Зеленски изјави дека оваа недела ќе има „голем број состаноци и преговори во Европа“.
Бриселскиот портал Политико претходно објави дека Зеленски би можел да присуствува на состанок на високо ниво со европските сојузници во Брисел оваа недела по неуспехот на преговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, а состанокот во Брисел евентуално би можел да се одржи во четврток, за време на самитот на ЕУ.
Како што претходно објави Си-Ен-Ен, за време на „директен и искрен“ разговор во Белата куќа, Трамп јасно му стави до знаење на Зеленски дека нема да добие ракети со долг дострел.
Повикувајќи се на неименувани извори, американскиот портал Аксиос објави дека Трамп изјавил дека САД немаат намера да испорачаат ракети Томахавк на Украина, „барем не во овој момент“.