Зеленски во Осло: Првиот чекор мора да биде тишина на небото

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска е во официјална посета на Осло, ја поздрави одлуката на Норвешка да ја зголеми помошта за Украина на речиси осум милијарди долари.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска е во официјална посета на Осло, ја поздрави одлуката на Норвешка да ја зголеми помошта за Украина на речиси осум милијарди долари.

– Ова навистина ни дава долгорочна безбедност и претставува многу силен, многу моќен придонес, рече Зеленски, додавајќи дека овој потег ги зајакнува дипломатските напори на Киев да се стави во „најдобра можна позиција“.

Тој нагласи дека притисокот врз Русија мора да продолжи за Владимир Путин да престане да манипулира и да преземе конкретни чекори.

– Еден од првите чекори мора да биде тишина. Во моментов разговараме за ова со САД и другите партнери – тишина на небото, крај на нападите врз енергетскиот сектор, цивилната инфраструктура и луѓето, рече Зеленски.

На прес-конференција во Осло, норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе му рече на Зеленски дека Норвешка ја дели борбата на Украина.

– Ги делиме вашите аспирации да бидете слободна, независна и суверена држава. Никој не сака мир за Украинците повеќе од Норвежаните, рече Сторе.

Тој додаде дека Норвешка од самиот почеток го поддржува правото на Украина на самоодбрана, како и нејзините напори да постигне прекин на огнот и праведен, траен мир. јт/

Фото: ЕПА