Зеленски: Во Москва беа исплашени од мое интервју со руски новинари!

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски реагираше на обидот на Русија да го цензурира неговото интервју, дадено за независни руски новинари, оценувајќи дека „Москва е исплашена поради новинарите кои можат да ја кажат вистината“.

„Силни луѓе на нашата силна земја, денеска е денот кога повторно се уверувам колку сме далеку од Руската Федерација. Замислете, во Москва беа исплашени поради моето интервју со руски новинари. Оние новинари кои знаат да ја кажат вистината“ рече украинскиот претседател.