Зеленски во Вилнус: Русија е принудена на дипломатија, имаме вистинска шанса за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во главниот град на Литванија, Вилнус, изјави дека постои „вистинска можност да се стави крај на војната“, оценувајќи го моментот како „посебен“. Зеленски учествува на самитот на шефови на држави од источниот блок на НАТО и нордиските земји.

– Русија е принудена да се вклучи во дипломатски процес, изјави Зеленски, додавајќи дека Европа и САД располагаат со супериорно оружје во однос на Русија.

Тој се заблагодари за, како што рече, „секоја инвестиција во производство на оружје“ и го истакна значењето на тактичката надмоќ на украинските сили.

– Имаме посилни тактички решенија. Нашата операција „Пајакова мрежа“ го докажа тоа, рече Зеленски, алудирајќи на вчерашниот масовен напад со дронови врз руски воени бази длабоко на територијата на Русија.

Според него, руските загуби се клучни за отворање пат кон мир.

– Русија мора да почувствува што значат тие загуби. Само тоа ќе ја натера да бара дипломатски излез, заклучи Зеленски.