Претседателот на Русија – Володимир Зеленски ја повика швајцарската Влада да ги замрзне банкарските сметки на сите руски олигарси. Тој се обрати во живо со илјадници антивоени демонстранти во швајцарскиот град Берн, нагласувајќи дека нивните банки ги држат средствата на луѓето кои ја започнале војната.
Зеленски се заблагодари за поддршката, но и отворено зборуваше за швајцарскиот финансиски сектор.
„Вашите банки се место каде што се парите на луѓето кои ја започнаа оваа војна. Тоа боли. Замрзнувањето на нивните сметки е исто така борба против злото. Тоа би било и борба, можете да го направите тоа. Украинците чувствуваат како е да се уништуваат градови. Тие се уништени по наредба на луѓето кои живеат во европските, прекрасни швајцарски градови, кои уживаат во имотот во вашите градови. Би било навистина добро да им се одземена таа привилегија“ – рече Зеленски.
Швајцарските банки држат околу 213 милијарди долари руски средства, според проценките на швајцарската финансиска индустрија.