Зеленски бара итна испорака на противвоздушни ракети

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека ќе биде одржан состанок фокусиран на итното барање на Украина за нови проектили за противвоздушна одбрана (ПВО).

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека ќе биде одржан состанок фокусиран на итното барање на Украина за нови проектили за противвоздушна одбрана (ПВО).

Во своето видеообраќање од претходната вечер, Зеленски наведе дека заедно со врховниот командант на вооружените сили, Олександар Сирски, детално ги анализирале прашањата поврзани со испораките од сојузниците.

Тој потенцираше дека приоритет имаат проектилните системи кои веќе се наоѓаат во европските магацини. „Утре имаме состанок на кој ќе дискутираме за ова. Неопходни се нови пратки од партнерите преку иницијативата PURL, како и земање на проектилите од складиштата во Европа. Знаеме дека тие се таму и мора веднаш да бидат ставени во функција на нашите сили за противвоздушна одбрана“, рече Зеленски синоќа.

Според информациите од Укринформ, само во текот на изминатата седмица, Русија лансирала околу 1100 беспилотни летала, над 890 наведувани воздушни бомби и повеќе од 50 ракети од различни типови врз Украина.